17/04/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Премиерот во заминување, Воислав Коштуница, во средата (16-ти април) потврди дека секој Договор за стабилизација и асоцијација што Србија ќе го потпише со ЕУ мора да вклучува реченица која ќе потврдува дека Косово е интегрален дел од Србија. Тој рече дека тоа би бил единствениот начин за договорот да биде прифатлив за сите во Србија. Ако биде потпишан во својата сегашна форма, договорот може да биде протолкуван како признавање на независноста на Косово, тврдат Коштуница и неговата Демократска партија на Србија. Претставниците на ЕУ, цитирани од новинската агенција Бета, одговорија дека Србија треба да го потпише ДСА во формата во која го парафираше. (Бета, Танјуг, Б92 - 16/04/08)