17/04/2008
БУКУРЕШТ, Романија -- Најголемите опозициски партии, Социјалдемократската партија (ПСД) и Конзервативната партија, велат дека планираат протокол за сојуз во четврток (17-ти април). Партиите имаат намера да формираат заедничка парламентарна група, да изберат заеднички генерален секретар и заедничка делегација по првиот круг од локалните избори на 1-ви јуни. Водачот на ПСД, Мирчеа Џоана, објасни дека ова ќе биде вистински политички сојуз, а не само привремен чекор за изборите. (Aдеварул, Гандул, Евениментул зилеи - 17/04/08; Meдиафакс, Hotnews.ro - 16/04/08)