Преговарачите на кипарските Грци и кипарските Турци ќе се состанат во петок

17/04/2008

НИКОЗИЈА, Кипар -- Tехничките комисии и работните групи со задача да го подготват продолжението на разговорите за повторно обединување на поделениот остров Кипар, се одлучија да започнат со работа во петок (18-ти април), според мисијата на ОН таму. Во изјавата од средата се истакнува дека советниците на претседателот на кипарските Грци, Деметрис Христофиас, и водачот на кипарските Турци, Мехмет Али Талат, се согласија околу темите за кои шесте работни групи и седумте технички комисии ќе разговараат. Претходно, ќе има куса церемонија на аеродромот во Никозија. (КНА, АНА-МПА, веб-страница на ОН, ДПА, АП, Ројтерс - 16/04/08)