Грција ги забрани македонските чартер летови до Крф

17/04/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Авиопревозникот Македонски авиотранспорт (МАТ) доби забрана да врши чартер летови до популарната грчка туристичка дестинација Крф ова лето. МАТ доби писмо во средата (16-ти април) од грчкото Министерство за транспорт, во кое го информира дека претпријатието не доби дозвола за летови до островот за периодот помеѓу јуни и август под неговото сегашно име. МАТ вели дека ова е прва отворена забрана на Грција за летови од Македонија, што според МАТ претставува кршење на меѓународното право. Се чини дека ова е последната рунда од долготрајниот спор околу името помеѓу двете земји.

Во другите вести од средата, американскиот државен секретар, Кондолиза Рајс, рече дека Македонија ќе биде примена во НАТО веднаш штом ќе го реши тој спор. Рајс ги повтори повиците за надминување на разликите помеѓу двете страни. Спорот го спречи членството на Македонија на неодамнешниот самит на Алијансата во Букурешт. Претставникот на ОН Метју Нимиц во четвртокот доаѓа во Скопје, за да направи проценка на ситуацијата пред да замине за Атина во петок. (Вечер - 17/04/08; Taнјуг, А1, Макфакс, Нафтеборики - 16/04/08)