17/04/2008
ТИРАНА, Албанија -- Две недели откако доби покана за влез во НАТО, владата во средата (16-ти април) формираше преговарачка група која ќе ги води напорите за реализација на тоа членство. Премиерот Сали Бериша предвиде дека со континуираните реформи, Албанија ќе влезе во Алијансата побргу од очекуваното. „Не треба да има ниту едно единствено прашање од наша страна што ќе го одложи овој историски процес“, рече тој.
Во другите вести од средата, Албанија потпиша четири финансиски договори со Европската комисија за зајакнување на прекуграничниот развој. Регионите што ќе имаат најголема корист се во близина на границите со Црна Гора, Косово и Македонија.
Исто така во средата, законодавната комисија на парламентот ја одобри серијата предложени измени на уставот. Едната ќе го ограничи мандантот на главниот обвинител во земјата на пет години. Другата ќе го измени изборниот систем од мешан - мнозински и пропорционален систем, во регионален пропорционален систем. Трета ја става контролата на Централната изборна комисија во рамките на Изборниот кодекс, наместо во рамките на уставот. Измените понатаму одат пред парламентот на разгледување. (Шекули, Шкип, Панорама - 17/04/08; ВОА, Балканвеб, Топ-ченал, албанско Министерство за интеграција, Алсат - 16/04/08)