16/04/2008
ТИРАНА, Албанија -- Претседателот Бамир Топи во вторникот (15-ти април) рече дека уставните измени не може да се базираат на краткорочен каприц, туку мора да бидат зрели и внимателно осмислени. Тој одговараше на вжештената дебата помеѓу главните политички партии за уставните измени на изборниот систем и надлежностите и мандатите на претседателот и премиерот. Топи истакна: „Не сум против промени, но ... не сум за промени заради политички интереси.“
Во другите вести од вторникот, министерот за надворешни работи, Лулзим Баша, официјално ја потпиша поканата за влез на Албанија во НАТО. Албанија и Хрватска добија покана за членство на самитот во Букурешт пред две недели. (Шекули, Газета шкиптаре, Коха Јоне, Шкип, Коха Диторе, Ксинхуа - 16/04/08; Toп ченал, Метропол - 15/04/08)