Команеску положи свечена заклетва на функцијата романски министер за надворешни работи

16/04/2008

БУКУРЕШТ, Романија -- Дипломатот од кариера, Лазар Команеску, во вторникот (15-ти април) положи свечена заклетва како нов министер за надворешни работи на земјата. Тој беше назначен од премиерот Калин Попеску Таричеану во понеделникот, по оставката на Адријан Чиориану. По свечената заклетва, Команеску рече дека приоритет ќе биде верификувањето на активностите на романските амбасади и конзулати во странство. (Куриерул национал - 16/04/08; Ромпрес, Медиафакс - 15/04/08)