16/04/2008
ВАШИНГТОН, САД -- Претседателот Џорџ В. Буш му напиша писмо на својот македонски колега, Бранко Црвенковски, и на премиерот Никола Груевски, потврдувајќи ја решеноста на Вашингтон да помогне во изнаоѓањето взаемно прифатливо решение во спорот околу името помеѓу Македонија и Грција. Тој, исто така, вети поддршка за напорите на Македонија за влез во НАТО, како што објавија македонските медиуми во средата (16-ти април).
Исто така, заменик-портпаролот на американскиот Стејт департмент, Том Кејси, во понеделникот истакна дека решавањето на спорот околу името продолжува под покровителство на ОН и дека Соединетите Држави не се обидуваат да го преземат. (Утрински весник - 16/04/08; Сител, Макфакс - 15/04/08)