16/04/2008
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- ЕУ и Црна Гора во вторникот (15-ти април) потпишаа билатерален договор кој ќе овозможи Црна Гора да пристапи во Светската трговска организација (СТО), со што ЕУ стана првата членка на СТО со која земјата ги заокружи овие билатерални преговори. Комесарот за проширување, Оли Рен, рече дека ова се „повторно добри вести, што го покажуваат напредокот на Црна Гора на патот кон ЕУ“.
Вицепремиерот Гордана Ѓуровиќ го потпиша договорот, велејќи дека Подгорица планира да ги интензивира напорите за завршување на билатералните разговори со другите членки, во надеж дека ќе пристапи во СТП пред крајот на годинава. (РТЦГ, Ројтерс, АП, АФП - 15/04/08)