Бугарија ќе започне разговори за реконструкција на владата

16/04/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Преговорите за персоналните и структурните промени во владата започнаа официјално во средата (16-ти април). Во вторникот премиерот Сергеј Станишев се состана со водачите на неговата владејачка Бугарска социјалистичка партија (БСП) и објави дека министерот за внатрешни работи во заминување, Румен Петков, ќе го предводи тимот на БСП во разговорите. Петков поднесе оставка во неделата поради големиот скандал во кој се вклучени функционери на министерството, како и самиот тој.

Консултациите помеѓу партнерите во владејачката коалиција, БСП, Националното движење за стабилност и напредок и Движењето за правата и слободите, се очекува да заврши следната недела. (Дневник, Сега, Труд - 16/04/08; Aктуално, БГНЕС - 15/04/08)