16/04/2008
НОВИ САД, Србија -- Еден фудбалски навивач загина, а четворица се повредени, од кои еден сериозно, во судирот помеѓу навивачите на Војводина од Нови Сад и Партизан од Белград доцна во понеделникот (14-ти април) во Нови Сад. Некои локални медиуми објави дека судирот бил однапред договорен на интернет. Навивачите на Војводина и Партизан веќе се судрија изминатиот викенд, по натпреварот од првата лига помеѓу двата клуба. (Б92, РТС, Танјуг, Javno.com, ДПA - 15/04/08)