ЕК нема да ја санкционира БиХ ако полициските реформи пропаднат

16/04/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Европската комисија (ЕК) нема да ја санкционира БиХ ако горниот дом на парламентот не ги усвои клучните закони за полициските реформи, рече во вторникот (15-ти април) словенечката амбасадорка во БиХ, Наташа Водушек. За време на состанокот со амбасадорите на ЕУ со премиерот на Република Српска, Милорад Додик, таа рече: „Одговорноста за евентуалниот неуспех да се потпише Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ целосно лежи во рацете на босанските политичари, и гласачите ... мора да ги осудат или казнат нив за нивните дела на следните избори“. Нивното усвојување од страна на Домот на народите се очекува во среда, со што би се расчистил патот за евентуалната церемонија на потпишување на крајот од април или мај. (Независне новине, Дневни аваз - 16/04/08; РТРС, Фена - 15/04/08)