Претставникот на ЕУ Фејт вели дека децентрализацијата е клучна за планот на Ахтисари за Косово

16/04/2008

ПРИШТИНА, Косово -- Специјалниот претставник на ЕУ за Косово, Питер Фејт, во вторникот (15-ти февруари) рече дека активно ќе го поддржува процесот на децентрализација во Косово, инсистирајќи дека тоа ќе биде од корист за сите заедници, вклучително и косовските Срби. „Сметам дека децентрализацијата е приоритет во спроведувањето на планот за надгледувана независност на (поранешниот) претставник на ОН Марти Ахтисари и ние ќе работиме заеднички“, рече Фејт по состанокот со косовскиот министер за локална власт, Садри Ферати.

Косово беше, исто така, тема на разговорите во вторникот во Вашингтон, каде што државниот секретар Кондолиза Рајс се состана со словенечкиот министер за надворешни работи, Димитриј Рупел. Неговата земја моментно претседава со ЕУ. Тој на Рајс й рече дека со спроведување на новиот косовски устав, локалните власти би можеле да ги преземат надлежностите од УНМИК и да воспостават целосна контрола над новата држава, нешто што мисијата на ЕУ сака да се случи „што е можно поскоро“, рече Рупел. (Лајм, Коха Диторе, Експрес - 16/04/08; Бета, Б92, Ројтерс, РИА Новости - 15/04/08)