Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Коалицијата ДСС-НС се закани дека ќе покрене иницијатива за отповикување на Тадиќ поради ДСА

14/04/2008

БЕЛГРАД, Србија -- Владејачката коалиција на Демократската партија и Нова Србија (ДСС-НС) се заканува дека ќе покрене иницијатива за отповикување на претседателот Борис Тадиќ ако тој го потпише Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ, предупреди во неделата (13-ти април) претседателот на НС и министер за инфраструктура во заминување, Велимир Илиќ. „Ние го советуваме претседателот Тадиќ и неговите соработници да не игра игри со Србија и да не потпишува ништо бидејќи ќе имаат голем проблем во свои раце“, рече тој. Илиќ, близок соработник на премиерот Воислав Коштуница, претседател на ДСС, потврди дека потпишувањето на ДСА е еднакво на признавање на независноста на Косово.

Според неодамна изменетиот закон во врска со претседателската функција, третина од пратениците може да предложат парламентарна расправа за негово отповикување ако сметаат дека претседателот го прекршил уставот. Процесот оттаму продолжува, и оди во уставниот суд, а потоа се враќа во парламентот. Во петокот весникот „Вечерње новости“ објави дека Тадиќ ќе тврди оти Виенската конвенција му дава право да потпишува меѓународни договори, како што е ДСА. (Б92, Танјуг, Бетa - 13/04/08; Вечерње новости - 11/04/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's