10/04/2008
БУКУРЕШТ, Романијa -- Премиерот Калин Попеску Таричеану во средата (9-ти април) изрази загриженост во врска со неодамнешната смрт на еден Романец кој штрајкуваше со глад во еден полски затвор. Клаудиу Даниел Крулиќ беше уапсен во декември, осомничен за ограбување на судија во Полска. Додека беше во притвор, Крулиќ тврдеше дека е невин и започна штрајк со глад во знак на протест поради апсењето. Неговото семејство вели дека испраќало бројни писма до романскиот конзулат, барајќи помош. Крулиќ почина на 18-ти јануари, четири дена откако локалниот суд донесе одлука за негово присилно хранење. Таричеану го очекува извештајот за ова прашање. „Сум видел како амбасадите и конзулатите на другите земји се вклучуваат во заштитата на интересите и правата на своите граѓани. Очекувам романските амбасади ... да го имаат истиот пристап“, рече тој. (Реалитатеа, Ромпрес, Медиафакс - 09/04/08)