02/04/2008
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Полицијата во вторникот (1-ви април) покрена обвинение против пензионираниот генерал Иван Кораде за четири убиства извршени во северна Хрватска минатата недела. Кораде (44) исчезна откако полицијата пронајде четири тела во две села во регионот Загорје, каде што тој живееше. Полицијата вели дека идентични чаури се пронајдени на местата на злосторствата. Стотици полицајци, поддржани од хеликоптери и специјални камери, го бараат Кораде, кој се смета дека е вооружен и опасен. (Ројтерс, ХРТ, Javno.com, AП - 01/04/08)