Во Албанија отворен реконструираниот граничен премин

27/03/2008

ТИРАНА, Албанија -- Канцеларијата на ОН за дрога и криминал (УНОДЦ) во средата (26-ти март) го отвори реконструираниот објект за проверка на возилата на граничкиот премин Ќафе Тана, главен премин помеѓу Албанија и Македонија. Работата беше извршена во рамките на проектот на УНОДЦ финансиран од страна на италијанската влада и со помош на Мисијата за царинска и фискална помош на ЕУ во Албанија. Проверката на возилата претставува уште еден чекор напред во напорите на Албанија за интегриран систем на пограничен менаџмент и против нелегалната трговија. (Балканвеб, веб-страница на ОН - 26/03/08)