Србија ја одбележа 9-годишнината од бомбардирањето на НАТО на поранешна Југославија

24/03/2008

БЕЛГРАД, Србијa -- Премиерот Воислав Коштуница во неделата (23-ти март) инсистираше на тоа дека бомбардирањето на НАТО на поранешна Југославија пред девет години, имаше за цел претворање на Косово во прва НАТО држава во светот. За време на говорот по повод одбележувањето, тој рече: „Нелегалното формирање на огромниот американски воен камп Бондстил и Анексот 11 од планот на Марти Ахтисари, во кој се вели дека НАТО е врховното тело на власта во Косово, ја открива вистинската причина за бесмисленото уништување на Србија и дава одговор на прашањето зошто на 17-ти февруари е нелегално прогласена НАТО држава“, рече Коштуница, повторувајќи дека Косово е интегрален дел на Србија. Тој планира да присуствува на комеморацијата во понеделник, за жртвите од бомбардирањето на НАТО. Министерот за одбрана, Драган Шутановац, ќе се состане со пилотите кои помогнаа во одбрана на Србија за време на конфликтот. (Tанјуг, Фонет - 24/03/08)