24/03/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Првата политичка партија што ги обединува Црногорците кои живеат во Србија беше регистрирана од страна на Министерството за државна администрација во неделата (23-ти март), под името Црногорска партија (ЦП). „ЦП не е формирана за еднократна употреба, нејзината цел е да стане почитувана малцинска партија во Србија“, рече водачот Ненад Стевовиќ. Тој не кажа дали партијата планира да учествува на парламентарните избори на 11-ти мај. (Taнјуг, Фокус, Макфакс, Бета, Блиц - 23/03/08)