Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

ДПА се врати во македонската влада

24/03/2008

СКОПЈЕ, Македонија -- Демократската партија на Албанците (ДПА) во неделата (23-ти март) одлучи да се врати во владата, десет дена откако објави дека ја напушта. Одлуката беше донесена за време на состанокот помеѓу претседателот на ДПА, Мендух Тачи, и премиерот Никола Груевски. Сите министри од ДПА ќе продолжат со извршувањето на своите должности, со исклучок на вицепремиерот Имер Алиу.

„ДПА и ВМРО-ДПМНЕ се согласија да формираат работни групи што ќе работат на изнаоѓање решение за усвојување законот за употреба на јазиците, во согласност со уставот и постојните законски прописи, како и во согласност со Охридскиот рамковен договор. Партиите, исто така, ќе разговараат ... во врска со жртвите од конфликтот во 2001 година во согласност со законите, како и за законот за употреба на знамињата, во согласност со уставот“, објави ДПА. Партијата инсистираше дека нејзините ставови во врска со овие прашања биле игнорирани. Официјални претставници во земјата повикуваат на единство, со оглед на тоа што Македонија сé уште се надева дека ќе добие покана на самитот на НАТО во април. (Утрински весник, Вечер - 24/03/08; Maкфакс, ИТАР-ТАСС, А1 - 23/03/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's