Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Бугарските државни службеници ќе треба да даваат повеќе информации за потенцијалните судири на интереси

07/03/2008

СОФИЈА, Бугарија -- Премиерот Сергеј Станишев во четвртокот (6-ти март) објави дека три вида изјави поврзани со судирите на интереси ќе мора да бидат поднесени од страна на високите државни службеници. Првата изјава, која треба да се поднесе во времето на назначувањето, треба да ги дефинира сите евентуални околности што би можеле да создадат тешкотии или судири на интереси. Државните службеници, потоа, ќе мора да поднесуваат годишни изјави за судирите на интереси, кога нивните соработници или роднини учествуваат на јавните тендери. На крајот, високите функционери ќе мора да пријават какви било конкретни судири на интереси кога истите ќе се појават. Станишев објасни дека мерките се обид да се загарантира етичко однесување. (Сега, 24 Часа, Труд - 07/03/08; бТВ, БНР, News.bg - 06/03/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's