25/02/2008
БЕЛГРАД, Србија -- Националната банка на Србија (НБС) ги отфрли повиците на националистите за бојкот на странските банки. „Сите банки што работат на српскиот банкарски пазар се локални банки без оглед на изворот на нивниот капитал“, вели НБС во изјавата од петокот (22-ти февруари). Неколку филијали на банки со седишта во земјите што ја признаа независноста на Косово беа вандализирани во текот на немирите во Белград минатата недела. (веб-страница на НБС, Танјуг, РТС - 22/02/08)