Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Лајчак вети опсежни напори во врска со судските реформи во БиХ

25/02/2008

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Високиот претставник Мирослав Лајчак вети дека ќе ги интензивира напорите во врска со судските реформи, велејќи дека тоа и националната стратегија за воените злосторства се помеѓу неговите главни приоритети. „Ние разговараме околу ова прашање скоро секој ден со претставниците на судската власт и нема да се откажеме од ова“, рече Лајчак во онлајн одговорите на прашањата на јавноста, објавени во неделата (24-ти февруари) на веб-страницата reci.ba. Лајчак одби да даде временска рамка за тоа кога БиХ би можела да влезе во ЕУ.

Во одделна изјава во неделата, Лајчак ги отфрли обвинувањата на најголемата босанска партија, Партијата за демократска акција (СДА) дека не си ја врши работата. „Би било корисно ако претставниците на СДА повеќе дејствуваат, а помалку користат реторика“, одговорил Лајчак. (Дневни аваз, Независне новине - 25/02/08; Фенa - 24/02/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's