21/02/2008
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Претседателот Филип Вујановиќ во средата (20-ти февруари) официјално го номинираше водачот на Демократската партија на социјалистите, Мило Ѓукановиќ, за премиер. Следната недела парламентот ќе одржи гласање за доверба, за негово назначување на местото. Ѓукановиќ веќе четирипати беше премиер и еднаш претседател. Премиерот во заминување, Жељко Штурановиќ, минатиоот месец поднесе оставка поради рак на белите дробови. (Вијести - 21/02/08; РТЦГ, Мина, Вијести - 20/02/08)