04/02/2008
ПОДГОРИЦА, Црна Гора - Водачите на Народната партија едногласно одлучија во неделата (3-ти февруари) да не учествуваат на претседателските избори на 6-ти април. Партијата реши одлуката кого ќе поддржат да им ја препушти на самите членови.
Во меѓувреме, претседателот на Либералниот сојуз, Миодраг Живковиќ, во понеделникот предупреди дека политичките партии треба да се сконцентрираат на изборите, наместо на шпекулациите за евентуалното враќање на Мило Ѓукановиќ на премиерската функција. Ракот на белите дробови го принуди Жељко Штурановиќ да поднесе оставка минатата недела. (МИНA - 04/02/08; Вијести - 03/02/08)