27/01/2008
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Водачот на опозициската Социјалистичка народна партија (СНП), Срѓан Милиќ, во петокот (25-ти јануари) се согласи да биде номиниран за кандидат на неговата партија на претседателските избори закажани за 6-ти април. Владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) објави дека актуелниот претседател Филип Вујановиќ ќе бара реизбор на листата на ДПС. Водачот на Бошњачката партија во Црна Гора, Рафет Нусановиќ, исто така, рече дека е подготвен да се кандидира за претседател ако добие поддршка од сите општински комитети и главниот комитет на неговата партија. (РТЦГ, Антена М, Дан - 25/01/08)