27/01/2008
СОФИЈА, Бугарија -- Европската комисија (ЕК) одлучи да ги замрзне бугарските инфраструктурни субвенции, поради корупцискиот скандал поврзан со двајца високи претставници на Фондот за патна инфраструктура на земјата, објави министерот за транспорт Петар Мутафчиев во саботата (26-ти јануари). Шефот на одделот за апсорпција на средствата на ЕУ, Љубомир Лилов, и менаџерот на преговарачкиот републички инфраструктурен оддел, Иван Владимиров, беа фатени со мито од 12.000 евра од граѓанин кој сакал промена на статусот на неговото земјиште за на истото да може да се гради. Мутафчиев во саботата рече дека скандалот не ги вклучува апсорпционите средства на ЕУ, но комисијата одлучи да ги замрзне субвенциите додека не се обезбеди безусловен доказ дека скандалот не е поврзан со финансиите на ЕУ. (AФП, БНР, Софиска новинска агенција - 26/01/08)