24/01/2008
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Народната партија во средата (23-ти јануари) ја повика Српската народна партија и Социјалистичката народна партија да ја разгледаат можноста за поддршка на заеднички претседателски кандидат, пред да започнат со собирање потписи за поддршка на нивните одделни кандидати. Трите партии беа членки на блокот кој ја поддржуваше поранешната лабава заедница со Србија. Изборите се закажани за 6-ти април.
Во меѓувреме, водачот на Босанската партија во Црна Гора, Рафет Хусановиќ, во средата објави дека е подготвен да се кандидира за претседател ако добие поддршка од партијата. (РТЦГ, Антена М - 24/01/08)