Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

НАТО го зголеми военото присуство во Косово

24/01/2008

ПРИШТИНА, Косово, Србија-- НАТО го зголеми бројот на своите војници во Косово, објави во средата (23-ти јануари) портпаролот на КФОР. Италијанскиот баталјон од 560 војници започна со распоредувањето во мисијата која ќе трае до почетокот на март. Портпаролот рече дека дополнителниот број војници ќе вежбаат во покраината на редовна база, но и ќе ја демонстрираат способноста на Алијансата за испраќање засилување на своите мисии низ целиот свет.

Исто така, Романија објави дека е подготвена да распореди околу 175 полицајци и жандерми во Косово како дел од планираната специјална мисија на ЕУ во покраината. Српскиот премиер Воислав Коштуница во средата потврди дека мисијата на ЕУ би била „нелегална“ без овластување на ОН.

Во другите вести, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во средата предупреди дека независноста на Косово би можела да предизвика верижна реакција во околу 200 области околу целиот свет. „Ако му дозволиме некому да стори нешто, многу други ќе очекуваат ист третман“, рече тој. (AФП, Еуроњус, ДВ, Свобода радио, Медифакс, Бета, РТС, Ксинхуа, Танјуг, Косовалајв, РФЕ, РТК, Балканвеб - 23/01/08)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's