02/01/2008
БРИСЕЛ, Белгија -- Договорот за олеснување на визниот режим за граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија, што патуваат во ЕУ, влезе во сила во вторникот (1-ви јануари). Договорот ќе важи за сите земји-членки на ЕУ, освен Данска и Велика Британија. Истиот ќе ги покрива и деветте нови членки на Шенген зоната -- Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија. Договорот ќе им овозможи на многу групи да добиваат поевтино, и во многу слуачи, дури и безвизно патување за ЕУ, и ќе ги поедностави процедурите на поднесување барање за виза. (Вечер - 02/01/08; Maкфакс, МИА, РТС, РТРС - 01/01/08)