28/12/2007
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Парламентот во четвртокот (27-ми декември) го одобри новиот закон за претседателските избори. Според истиот, претседателот ќе се избира на директни, општи избори, со мандат од пет години. Кандидатите треба да бидат номинирани од политичките партии или групи поддржувачи и ќе имаат право да се кандидираат ако успеат да соберат потписи од најмалку 1,5 отсто регистрирани гласачи. Црна Гора треба да избере нов претседател оваа пролет. Мандатот на актуелниот претседател Филип Вујановиќ официјално истекува на 22-ри мај. (РТЦГ, МИНА, Антена М - 27/12/07)