26/12/2007
СКОПЈЕ, Македонија -- Парламентот едногласно го одобри формирањето на Национален совет за интеграција во ЕУ. Главната цел на советот ќе биде зајакнување на активностите за пристап во НАТО и во ЕУ. Радмила Шеќеринска, претседателката на најголемата опозициска партија Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), беше избрана за претседател на советот, додека Стојан Андов од Либералната партија на Македонија ќе биде нејзин заменик. Советот има 17 членови, од кои коалициските и опозициските партии имаат по три претставници. (Maкфакс, БИРН - 25/12/07)