Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Агим Чеку ја повтори намерата за формирање нова партија

26/12/2007

ПРИШТИНА, Косово, Србија -- Косовскиот премиер во заминување, Агим Чеку, во понеделникот (24-ти декември) рече дека останува решен да создаде нова политичка партија откако ќе замине од функцијата. Соопштението на Чеку ја негираше шпекулацијата дека е можно да се приклучи на Косовската реформистичка партија (ОРА), која се појави во неделата, откако претседателот на ОРА, Ветон Сурои, се повлече. „Сакам да останам во Косово цело време, за да земам учество во процесите и да бидам на располагање на Косово“, рече Чеку. Тој планира да се повлече од функцијата во јануари кога Хашим Тачи, кој победи на парламентарните избори на 17-ти ноември, се очекува да формира нова влада.

Во другите вести, шефот на УНМИК, Јоаким Рикер, ќе му поднесе извештај на Советот за безбедност на ОН на 8-ми и 9-ти јануари, изјави во понеделникот рускиот амбасадор во ОН Витали Чуркин. Рикер требаше да има обраќање пред советот овој месец, но тоа беше одложено поради агендата на Советот. (КИК, РТК, Телеграфи, РФЕ, Косовалајв, Косовапрес, ИТАР-ТАСС, Ксинхуа, Блиц - 25/12/07; РИА Новости, Макфакс, Балкан инсајт - 24/12/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's