18/12/2007
ТИРАНА, Албанија -- Министерот за економија, трговија и енергија, Генц Рули, за време на пленарната седница во понеделникот (17-ти декември) рече дека енергетската ситуација во Албанија е драстично подобрена и дека поголемиот увоз ќе резултира со помалку прекини на струјата. Но, претставниците на опозициската Социјалистичка партија (СП) го отфрлија овој став, инсистирајќи на тоа дека ситуацијата со енергијата останува критична.
Во другите вести од понеделникот, СП побара од премиерот Сали Бериша да одговори на прашањата на пленарната седница овој месец поврзани со корупцијата, пензиите и личните карти. СП вели дека сака да слушне нешто повеќе за овие „важни прашања“. (Коха Јоне, Шекули, Шкип, Панорама - 18/12/07; Балканвеб, Топ-ченал - 17/12/07)