16/12/2007
БУКУРЕШТ, Романија -- Двете главни опозициски партии во земјата во саботата (15-ти декември) објавија дека се обединуваат во нова политичка партија. Демократската партија (ПД) и Либерал-демократската партија (ПЛД) ќе се обединат за да ја формираат Демократската либерална партија (ПДЛ), објави во саботата водачот на ПД, Емил Боц, по вонредниот конгрес на ПЛД. Спојувањето на двете политички групи беше одобрено со мнозинство од 933 гласови. (Ромпрес, Медиафакс, ДПА, МИА, А1 - 15/12/07)