16/12/2007
ТИРАНА, Албанија -- Премиерот Сали Бериша во петокот (14-ти декември) рече дека Албанија ќе ги отвори своите граници за Косоварите ако Србија наметне економско ембарго врз покраината откако таа ќе прогласи независност. Србија ќе донесе одредени одлуки што може да создадат економски тешкотии за граѓаните на Косово во случај покраината да прогласи независност, рече Берипша. „Владата во Тирана ќе го мобилизира целиот свој капацитет за да може Косоварите да ја користат албанската инфраструктура и да имаат пристап до албанските пристаништа. (AФП, Фена - 14/12/07)