16/12/2007
СТРАЗБУР, Франција/ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Европскиот парламент во петокот (14-ти декември) го ратификуваше Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) на Црна Гора со ЕУ и усвои резолуција по расправата за напредокот и проблемите на најмладата европска држава. Црногорската амбасадорка во ЕУ, Славица Милачиќ, рече дека резолуцијата ја поздравува ефикасноста што владата на земјата ја покажа во водењето и комплетирањето на разговорите за ДСА. (Mина, Вијести, Танјуг, РТЦГ - 14/12/07)