14/12/2007
ЗАГРЕБ, Хрватскa -- Европската комисија (ЕК) е можно да ги замрзне преговорите за пристап, за пет од шесте поглавја од аквисот, поради планот на Хрватска за активирање на заштитената еколошка рибарска зона (ЗЕРП) во Јадранското Море на 1-ви јануари. Италија и Словенија жестоко се спротивставија на ЗЕРП. Во петокот (14-ти декември) Вечерњи лист цитираше извори во Брисел, според кои Словенија, која ќе го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ во јануари, ќе свика вонреден состанок на министрите за земјоделство на ЕУ на 7-ми јануари, за да одлучат дали ќе ги блокираат разговорите во областите поврзани со рибарството. Тоа би можело да го одложи пристапот во ЕУ. Премиерот Иво Сандер го минимизираше значењето на извештајот, велејќи дека Словенија нема закажано таков состанок. (Вечерњи лист, Вјесник - 14/12/07, Сабах - 13/12/07)