14/12/2007
БЕЛГРАД, Србија -- Полицијата уапси клучен осомничен во мрежата поддржувачи за која се смета дека му помага на поранешниот политички водач на босанските Срби Радован Караџиќ да го избегне апсењето. Љубан Ечим беше уапсен заедно со четири други лица во операцијата против мрежата на трговија со дрога. Полицијата изврши рација во неколку станови во Белград и заплени хероин и кокаин во вредност од околу еден милион евра, пиштоли, фалсификувани документи за лична идентификација и голема сума пари. Ечим, поранешен припадник на безбедносните сили, е еден од 35-те луѓе во поранешна Југославија на кои им беше забранет влез во ЕУ поради наводно помагање на обвинетите за воени злосторства во бегство. Неговиот дом во Босна и Херцеговина беше претресен неколкупати од страна на мировниците на НАТО и ЕУ кои бараа траги за тоа каде се наоѓа Караџиќ. (Ројтерс, УПИ, РТС, Б92 - 13/12/07)