13/12/2007
САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Трипартитното претседателство во средата (12-ти декември) одлучи да ја одложи седницата на која се очекуваше официјално да биде номиниран Никола Шпириќ за мандатор. Претседателството наместо тоа ќе чека Изборната комисија на БиХ и Државната агенција за истраги и заштита да ги комплетираат своите рутински процедури. Претседателството, исто така, потврди дека вториот кандидат, Младен Иванковиќ Лијановиќ, е предложен за премиерското место. Шпириќ поднесе оставка на 1-ви ноември поради несогласувањето со високиот претставник Мирослав Лајчак, но шест партии во владејачката коалиција се согласија дека неговото враќање на позицијата е најпогодно решение. (Независне новине, РТРС, СРНА - 12/12/07)