Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Словенија, наводно, подготвува план за независноста на Косово

13/12/2007

БРИСЕЛ, Белгија -- Словенија, која треба да го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ на 1-ви јануари, наводно подготвува план за независноста на Косово и реакцијата на Европа на тоа. Според извештаите на медиумите во средата (12-ти декември), планот предвидува Косово да се прогласи себеси за независна држава во првите два месеци од 2008 година, најверојатно на крајот од февруари, што ќе биде признаено од Велика Британија, Франција, Италија и Германија во рок од 48 часа. Во внимателно планираниот аранжман, САД ќе го објават своето официјално признавање на Косово набргу потоа, по што ќе следат и Швајцарија, Исланд и Норвешка, а потоа и група земји -- меѓу кои и Турција, Македонија, Албанија, Црна Гора, Хрватска и Словенија. Членовите на Организацијата на исламските конференции, исто така, се очекува да ја признаат новата држава без одложување. Словенија сака министрите за надворешни работи на ЕУ да издадат соопштение веднаш по прогласувањето независност на Косово, за да го отворат патот за испраќање административна, судска и полициска мисија во ЕУ. Словенечкиот план сé уште не е одобрен од членките на ЕУ, од кои некои се двоумат во врска со отцепувањето на Косово. (Ксинхуа - 13/12/07; Интернешнал хералд трибјун, Ројтерс, ДВ, ДПА, АП, АФП - 11/12/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's