Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Осомничен за воени злосторства уапсен во БиХ

09/12/2007

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Државата агенција за истраги и заштита (СИПА) во петокот (7-ми декември) го уапси Винко Кондиќ (54), кој е осомничен за злосторства против човештвото. Кондиќ, наводно, извршил воени злосторства против цивилите од бошњачко и хрватско потекло во општина Кључ во 1992 година додека бил локален началник на полицијата. Осомничениот ќе им биде предаден на надлежните власти кои ќе го сослушаат и ќе одлучат дали да го задржат во притвор.

Во меѓувреме, обвинителството на БиХ во петокот објави дека покренува обвинение против Младен Милановиќ за воени злосторства против цивили. Милановиќ е обвинет за затворање и мачење на хрватски и бошњачки цивили во кампот Бункер во близина на Сараево во 1991 година, кога работел како стражар таму. Тој е обвинет и дека им дозволувал на други луѓе да влегуваат во кампот и да ги злоупотребуваат затворениците. (Б92, Бета, 24sata.info, Слободна Босна, Блиц, Дневни аваз, НТВ Хајат, Фена - 07/12/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's