Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

EУ ја предупреди Хрватска за рибарската зона

06/12/2007

ЗАГРЕБ, Хрватска -- ЕУ во средата (5-ти декември) ја предупреди Хрватска дека воведувањето заштитена рибарска зона -- спротивно на договорот со Италија и Словенија -- ќе влијае негативно на шансите на Хрватска за пристап во Унијата. Комесарот за проширување, Оли Рен, ги потсети хрватските водачи дека договорот од 2004 година беше услов на Хрватска да й се додели кандидатски статус. Тој рече дека спорот „е многу сериозно прашање кое ќе има негативни последици врз преговорите за пристап со ЕУ“ ако не биде решен. Претседателот Стипе Месиќ потврди дека земјата мора да ги почитува своите меѓународни обврски и вети дека ќе биде најдено решение. (Ројтерс - 06/12/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's