06/12/2007
СОФИЈА, Бугарија -- Членовите на парламентот избркани од Националното движење за стабилност и напредок (НДСВ) во текот на изминатите неколку недели, како и некои кои доброволно заминаа, формираа нова партија во средата (5-ти декември). Бугарската нова демократија (БНД) ја предводи Борислав Ралчев, поранешен висок претставник на НДСВ. Ако пристапат сите поранешни членови на НДСВ, новата партија БНД ќе има 14 места во парламентот, вклучително и уште еден член на НДСВ кој ја напушти партијата во четвртокот. И покрај тоа, владејачката коалиција сé уште има цврсто мнозинство. (24 Часа, Сега, Дневник - 06/12/07; БГНЕС, Фокус, Дарик - 05/12/07)