03/12/2007
СОФИЈА, Бугарија -- Кадровски промени во владата може да се очекуваат во јануари, според високиот претставник на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Петар Канев. Тој во неделата (2-ри декември) за државното радио потврди дека водачот на Националното движење за стабилност и напредок (НДСВ) Симеон Саксобурготски побарал смена на министерот за образование, Даниел Валчев, министерот за одбрана, Веселин Близнаков, министерот за јавна администрација, Николај Василев, и министерката за европски прашања, Гергана Гранчарова. Сите ја поддржаа фракцијата во НДСВ која се одвои од Саксобурготски при изборот на новите партиски водачи ова лето. Канев вели дека персоналните промени би можеле да влијаат на портфолијата што ги држи БСП и Движењето за правата и слободите. (24 Часа, Труд, Сега, Стандард, Дневник - 03/12/07; БГНЕС, БТВ, Dir.bg - 02/12/07)