Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

Претседателството на БиХ ќе ги продолжи консултациите за новиот премиер

03/12/2007

САРАЕВО, Босна и Херцеговина (БиХ) -- Трипартитното претседателство оваа недела ќе ги продолжи консултациите за избор на новиот премиер и идната влада на државно ниво, објави во неделата (2-ри декември) канцеларијата за комуникации на претседателството. Претседавачот на Советот на министри Никола Шпириќ на 1-ви ноември поднесе оставка, во знак на протест поради новите правила за кворум што ги предложи високиот претставник Мирослав Лајчак. Владата оттогаш функционира со привремен мандат, поради што нејзината работа е во голема мера во застој. Во саботата премиерот на Република Српска (РС) Милорад Додик -- кој ја предводи најголемата партија на РС, Сојузот на независните социјалдемократи -- посочи дека партијата е можно повторно да го предложи Шпириќ. Неколку други партии, вклучително и босанската, се чини дека ја поддржуваат идејата. (РТРС, Фена, НТВ Хајат - 02/12/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's