02/12/2007
ЗАГРЕБ, Хрватска -- Водачот на опозицијата Социјалдемократска партија (СДП), Зоран Милановиќ, и водачот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер, се состанаа во петокот (30-ти ноември) со претседателот Стипе Месиќ, на разговори околу напредокот во составувањето на новата влада на земјата, по неодамнешните општи избори минатиот викенд. Милановиќ и Санадер, актуелниот премиер, рекоа дека обезбедиле мнозинство во идниот парламент. Но, Месиќ вели дека никој од нив ги нема потребните 77 места. „Сé зависи од поддршката на Хрватската селска партија и Социјал-либералната партија“, рече Месиќ. Набљудувачите очекуваат разговорите да траат уште две недели.
Исто така во петокот, СДП одлучи да го номинира Милановиќ за премиерската функција, наместо својот првичен кандидат, Љубо Јурчиќ, почитуван економист. (Вечерњи лист, ХРТ, Index.hr, Javno.com - 01/12/07; AП - 30/11/07)