Mobile | RSS | News Feeds | Facebook | Flickr | Twitter |

НАТО го засили присуството во северно Косово

30/11/2007

ПРИШТИНА, Косово, Србија -- НАТО го засили своето присуство во северно Косово, што се совпадна со крајот на директните преговори за идниот статус на покраината. Командантот на КФОР, Ксавиер Бу де Марнак, во четвртокот (29-ти ноември) потврди дека 90 американски војници се распоредени во кампот најблизок до самата Србија, каде што рутински се позиционирани 2.800 мировници. Во средата Германија објави дека испраќа 500 дополнителни војници за Косово, за да спречи евентуални немири ако косовските Албанци прогласат независност следниот месец. Велика Британија, исто така, изрази подготвеност да испрати дополнителен број војници.

Исто така во четвртокот, српскиот министер за одбрана, Драган Шутановац, ја отфрли воената интервенција во Косово, ако биде прогласена независност. Тој истакна дека досега соработката помеѓу Србија и КФОР е извонредна. „Меѓународните мировни сили не се непријателски организации“, рече тој. (Блиц, Данас - 30/11/07; Б92, Taнјуг, АФП, АП - 29/11/07; Ројтерс, АП, АФП, ДПА - 28/11/07)

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's