28/11/2007
СКОПЈЕ, Македонија -- Парламентот во вторникот (27-ми ноември) ја одобри резолуцијата за приоритетите на земјата во нејзиниот процес на европска интеграција, со што беше заврши расправата за извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во 2007 година. Документот го обврзува парламентот да ги смета за приоритет законите поврзани со интеграцијата на Македонија во ЕУ, и й налага на владата да ги информира пратениците за секоја активност поврзана со процесот на интеграција во ЕУ. Опозициската Демократска унија за интеграција вели дека ќе подготви своја сопствена верзија на документот. (Maкфакс, Канал 5, Нетпрес, Утрински весник, МРТ - 27/11/07)