19/11/2007
ПОДГОРИЦА, Црна Гора -- Седмиот парламентарен форум во Цетиње започна во понеделникот (19-ти ноември) во Подгорица, со учество на официјални претставници од Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Италија, Македонија и Црна Гора. Тие разменуваат мислења во врска со тоа како членството во програмата Партнерство за мир и НАТО се фактори за регионалната стабилност. Помеѓу темите за дискусија ќе бидат ситуацијата во регионот, предизвиците на надворешната политика, образованието и културата, како и економските прашања. (Aнтена М - 19/11/07; Mина - 18/11/07)